Свет

Повеќе од 230 000 луѓе жртви на сирискиот конфликт

Дамаск, 9. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Над 230 000 луѓе, меѓу кои околу 11 500 деца, биле жртви на сирискиот конфликт, соопшти AFP, повикувајќи се на лондонската Сириска опсерваторија за човекови права.

Опсерваторија ја документирала смртта на 230 618 лица. Меѓу нив се 69 494 цивили, 11 493 деца и 7 371 жени. Како резултат на борбите загинале исто 49 106 членови на владините сили и 36 464 членови на сили лојални на сирискиот режим, меѓу кои 838 претставници на либанското шиитско движење “Хизбулла” и 3093 шиитски милитанти од други земји.

Загинати се исто така 41 116 борци на вооружената умерена опозиција, сириски џихадисти и курдски милитанти.

Постои и бројка од 3191 од загинатите кои се неидентификувани. (Крај)

извор: AFP фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука