Избор Локална самоуправа

Градоначалникот Пецаков се сретна со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш

Охрид, 6. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, денеска оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш.

– На средбата најмногу разговаравме за продолжување на манифестацијата „По патеките на Св. Кирил и Методиј“ која неколку години поради Covid-19 кризата беше во прекин. На средбата присуствуваше и Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентираше програмата на манифестацијата за следната година.
Програмата содржи низа активности (изложби, концерти, промоции), а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука