Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Пецаков на Дримската конференција: Програмата е од исклучително значење за обезбедување одржливо управување со сливот на Охридското Езеро

Тирана/Охрид, 27. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти и 26-ти овој месец во Тирана се одржа 9-та Дримска конференција, на која учествуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Тој изрази задоволство што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и консолидирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања.

– Програмата е од исклучително значење за обезбедување одржливо управување со сливот на Охридското Езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен, истакна Пецаков.

May be an image of 4 people, people standing and indoor

На Конференцијата, Дрим Кор групата го усвои проектниот документ за новиот Проект за имплементација на приоритети од Стратешкиот акционен план за Дримскиот Басен.

Во рамки на конференцијата се одржа и Вториот состанок на прекуграничната работна група за поплави во Дримскиот басен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука