ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Гласајте за младиот охриѓанец Петар Бошалески во изборот за „Најдобри во кошарката во 2022“

Скопје, 30. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Петар Бошалески, кој настапува за Работнички од Скопје е во изборот за „Најдобри во кошарката во 2022“, кој е во организација на Македонската кошаркарска федерација.

За Бошалески кошарката е прва љубов, со кошаркарската топка другарува уште пред да почне да оди во училиште. Со својот тим „Работнички“ ја освои националната титула за играчи до 18 години и беше најдобар стрелец, а беше и меѓу избраните 12 кошаркари кои ги бранеа боите на Македонија на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Дивизија А, што се одржа во Измир, Турција.

Повеќе за него од интервјуто кое неодамна го даде за Супер радио и OhridPress, а својот глас за него можете да го дадете ОВДЕ. Според принципот на одбирање/кликнување, можете да дадете пет поени за најдобриот избор, три за вториот и еден поен за предложените за кој сметате дека треба да добие најмал број на поени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука