Забава Избор

Елена Ристеска сними нова песна на англиски јазик со Dj Sparadise – Hard to be in love

Скопје, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нашата популарна пејачка Елена Ристеска сними нова песна на англиски јазик со Dj Sparadise – Hard to be in love.

Соработката се роди пред повеќе од година дена, кога познатиот Dj бараше соодветен вокал и мелодија за неговата тогашна песна која требаше да излезе на сите музички платформи под капата на Argenta records од Италија на 10-ти декември 2022 година. Откако пробаа голем број на пејачи да ја донесат песната, сепак единствено Елена успеа да ја испее според идејата на Франческо.

Текстот на песната е на Елена и се вика Hard to be in love. Единствено специфичниот вокал на Елена и прекрасната мелодија на македонскиот продуцент и композитор Лазар Цветковски успеаја да ја направат оваа песна совршена според замислата на овој диџеј воедно и аранжер, заедно со Алесандро Ло Нигро кој исто така работеше на аранжманот, и двајцата се од Италија. На денот на објава на социјалните медиуми и на сите музички интернет платформи, песната ќе биде истовремено премиерно пуштена на 10.000 радио станици во светот.

Елена оваа година слави 20 години на македонската музичка сцена, откако првпат се појави и победи на аудициите на М2 на 22-ри декември 2002 година. За прослава на овој јубилеј на сите нејзини фанови им ја поклонува оваа нова песна пред испраќање на 2022 година.

Италијанскиот диџеј Франческо Спарачело ака Dj Sparadise е автор и на други артисти како Боби Соло, Рон Керол, Твинс, Тони Те и многу други на меѓународната сцена. Мултиинструменталист, целосно самоук, кариерата во музиката ја започнува во 2002 година работејќи со уметници како Шена, Макс Си, Андреа Пираз, Јаба, Стив Мек, Џаџ Жил, Беса, Ла Буш, Вернон Барнард, Рон. Керол, Џон Дејвис, Шарлот Де Мело, Рејес Херитиџ и многу други. Дваесет години работел во музички продукции од сите жанрови и како сесиски музичар во студио. Имал поддршка од многу диџеи како што се: Армин Ван Бурен, Лан Кери, Седрик Жервеј, Сандер Ван Дорн, Софи Френсис, Иван Гоф, Питер Луис, Basement Jazz, Groove Collective, Abel Ramos, Andi Durrant, Mr. Spring, Леонардо Вега, Флеш брадерс,Изгубени фреквенции, Рафаел Ниевес, дефект, Дејвид Вендета и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука