Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Хит комедијата „Пациенти“ на Театар Провокација вечерва пред охридската публика

Охрид, 10. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Најновата хит комедија „Пациенти“ на Театар Провокација, вечерва ќе се игра во Охрид.

Станува збор за претстава за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.

– Ова се ситуации во кои ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата, само за да излеземе во право, во кои целиме што повеќе да повредиме бидејќи се чувствуваме повредено. Тој е хроничен алкохоличар, таа е хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување, ова е кратката содржина на претставата, информираат организаторите.

Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски. Режисер на претставата е Ѓорѓи Ризески.

Претставата ќе се одигра во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука