Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Завршија конзерваторско-реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка

Охрид, 13. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Завршија конзерваторско – реставраторските работи во црквата Св. Богородица Болничка во стариот дел на градот Охрид, што датира од XIV век.Можно е да е слика од ѕид од тули

– Предходни последни интервенции врз фрескосликарството биле во 1959-69 година. Оваа година со конзервација беше опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид која негативно делуваше на основите на живописот. На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода. Со помошници од МПЦ се исчисти и целиот кров на црквата од мов, лисја и вегетација, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Нема опис за фотографијата.

Проектот е од Годишната програма за работа на установата, а раководител е м-р Никола Патчев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука