Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Сладок декември со „Тамаро“ и Витаминка (Фото/Видео)

Охрид, 14. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на највеселиот период од годината, охридските „Тамаро“ маркети повторно го организираат препознатливиот „Сладок декември“ и ја продолжуваат соработката со Супер радио и најголемите компании во државата.

Денеска се одржа забава со презентација на новите производи на Витаминка во маркетот на „Тамаро“ на улицата „7-ми ноември“, во склоп на поранешната фабрика „Братство“. Екипата на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски и највеселиот Дедо Мраз подарија многу насмевки за најмладите купувачи во маркетот.

Ова е само продолжување на проектот „Сладок декември“, кој секоја година го организираат водечките во регионот, охридските „Тамаро“ маркети.

– Ова е вистинско време за многу подароци, насмевки и весело расположение во пресрет на Нова година и сите празници кои ни ги носи овој прекрасен дел од годината. Ќе се дружиме, забавуваме и наградуваме со нашите пријатели од Витаминка. Тука посебен акцент ставаме на нивните нови и превкусни чоколади Happy со кои сакаме да исцртаме безброј чоколадни насмевки. Секој ден е среќен кога уживаш во омилените коцки Happy чоколадo на Витаминка. Ви препорачуваме да го одберете Вашиот омилен вкус на среќа – Happy Noisette, Happy Whole Hazelnuts, Happy Dark Chocolate или Happy Milk Chocolate, порачуваат од „Тамаро“.

За уште повесели празници доделуваме многу подароци секој ден на Супер радио, се’ во насока на внесување на максимално голем број насмевки и позитивна енергија кај охриѓани, особено кај најмладите.

Комплетната организација е дело на креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука