ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Марко Пејчиновски ја доби наградата за спортски подвиг на годината од Агенцијата за млади и спорт

Скопје/Охрид, 27. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, на талентираниот охридски пливачки херој Марко Пејчиновски му ја додели наградата за спортски подвиг на годината.

Марко ја доби престижната награда за вкупно препливани 250 километри изминатото лето во водите на Охридското Езеро.

Од 12-годишна возраст тој поставува рекорди во водите на Охридското Езеро во родната Република Македонија. Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до Свети Наум и назад до пристаништето во Охрид за време од 21 час и 41 минута со две застанувања од вкупно 9 минути и 46 секунди.

Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA) и официјално ги верификува сите 10 препливувања на охридскиот пливачки херој Марко Пејчиновски, во вкупна должина од 250.27 километри.

Во интервју за Супер радио и OhridPress, неодамна тој истакна дека со неговата летна авантура како што ги нарече 10-те препливувања, сака ги инспирира и мотивира сите спортисти од Македонија, бидејќи имаме потенцијал и талент што е време да се искористат.

Повеќе за подвигот на Марко ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука