Избор Култура Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Вевчански карневал 2023 – Спремете ги суратите!

Вевчани, 29. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Течат подготовките за новото издание на Вевчанскиот карневал, а од Општина Вевчани најавуваат прекрасно издание со одлична програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници.

Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.

На 12-ти јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука