Водици 2023 во Поградец, крстот го фати Niko Nikola (Фото)
Поградец, 6. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – 32-годишниот Niko Nikola беше најсреќен денес на церемонијата на фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро, на албанскиот дел, во градот Поградец.
Niko и бројни други млади верници, влегоа во водите на езерото, по крстот со кој секоја година се осветуваат водите.
На македонската страна, Светиот крст се фрла во водите на Охридското Езеро на манифестацијата Богојавление Водици, која ќе се одржи на 19-ти јануари 2023 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |