ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Европатерникот Андреј Ковачев обвинува: Претепан секретарот на клубот „Цар Борис III“ во Охрид

Софија/Охрид, 20. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Преку објава на неговиот профил на Facebook, бугарскиот европатерник Андреј Ковачев обвинува дека бил претепан млад човек во Охрид, само затоа што бил Бугарин и секретар на клубот „Цар Борис III“.

– Насилството, омразата и дискриминацијата мора да престанат. Очекувам итна реакција од надлежните од двете страни. Оваа ситуација е неподнослива. Политичарите, медиумите и академијата создадоа атмосфера на омраза и прогон на Бугарите. Европските институции секако ќе бидат информирани. Момчето е во болница. Полицијата е известена, стои во неговата објава.

На 12-ти октомври, само неколку дена од отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид беше искршена таблата на која е испишано името на здружението. Кривичното дело го направил 47 годишен охриѓанец, кој сам се пријавил во полиција.

Отворањето на клубот во Охрид и претходно на културниот центар „Иван Михајлов“ Битола, кои носат имиња на контроверзни личности, наиде на реакции, протести и незадоволство кај македонската јавност и кај политичарите. Клубот „Цар Борис Трети“ беше отворен на 7-ми октомври 2022 година во Охрид од страна на Здружението кое го носи истото име, а беше формирано претходно. Истовремено со отворањето на клубот, пред просториите каде се наоѓа, беше организиран протест, кој помина без инциденти, иако на моменти атмосферата беше тензична.

Собранието на 2-ри ноември минатата година изгласа измени на Законот за здруженија и фондации со кои здруженијата имаат рок од три месеци да ги усогласат своите имиња или ќе бидат избришани од Централниот регистар. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука