Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Бурни 24 часа на територијата на СВР Охрид: Агресивно однесување, физички напад, брзо возење…

Охрид, 21. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на СВР Охрид пренесува информации за бурно деноноќие на територијата на Секторот, во кое се регистрирани повеќе настани како агресивно однесување, физички напад, брзо возење и слично.

На 21-ви јануари 2023 година, во 03:00 часот, во СВР Охрид е приведен 18-годишниот Л.Ш. од Охрид кој претходно, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, се однесувал агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20-ти јануари 2023 година, во 08:10 часот, во СВР Охрид пријавено е дека 17-годишниот А.Ј. од Охрид, во семејниот дом, со остар предмет и се заканувал на неговата мајка, а потоа и физички ја нападнал. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20-ти јануари 2023 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот, при преземени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената, од кои  10 надвор од населено место и 9 во населено место. Против нив, поднесени се соодветни платни налози. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука