ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Првиот дел од помошта утре ќе тргне кон Туркије, Охрид повторно хуман

Скопје/Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Првиот дел од помошта која група волонтери ја собра ширум државата најдоцна до утре ќе тргне кон Туркије.

Според првичните информации, веќе се собрани над два големи камиони со донации, а во текот на денот се очекуваат уште донации. Според планот, вечерва или најдоцна утре треба да тргне првиот дел на хуманитарна помош за Туркије.

Мнозинството од волонтерите се студенти од Туркије кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или не добиле никаква вест за нив.

– Ова го правиме сосема доброволно, целата собрана помош ќе се испрати во Туркије со помош на невладините организации коишто се поврзани со институциите и другите организации од Туркије. Во моментов, наполнивме два шлепера, денеска ќе стигнат донациите и од Охрид и од другите градови и во текот на денот се очекува да се соберат уште толку донации. Очекуваме вечерва или најдоцна до утре да тргне првиот дел на помош, вели во изјава за МИА, Биљал Џандемир, еден од волонтерите на пунктот отворен на плоштадот во Скопје.

Се донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и у други работи. Се внимава што помалку храна да се прими. Донации во финансиски средства не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

May be an image of text

Охриѓани и овој пат ја покажаа докажаната хуманост и преку социјалните мрежи веќе организираат акција за помош на настраданите.

Поради разорниот земјотрес што се случи во Република Туркије и Сирија, Ве повикуваме да им подадеме рака на повредените кои имаат неопходна потреба од помош, стои во апелот.

Потребни средства:

– Греалки,
– Ќебиња,
– Постелнини,
– Перници,
– Средства за хигиена,
– Хигиенски влошки,
– Јакни и чизми,
– Шалови, ракавици и капи и
– Храна за бебиња.

Донациите ќе се собираат во просториите на „Моби-копи“ и „Ив-Мари“ во Охрид до петок 10-ти февруари 2023 година, до 12:00 часот.

Локацијата е улица „Даме Груев“ бр. 9 во Охрид, а сите кои имаат можност да помогнат дополнителни информации можат да добијат на телефонот 046/262-121.

May be an image of text that says '8 #дониразатуркие хуманитарен пункт за собиране на средства за настраданите во земјотресите BO туркије. можете да донирате од денес до сабота од 12: 00 до 22:00 часот потребни средства: .греалки кебина •постелнини .перници средства за хигиена хигиенски влошки акниичизми •шал ракавици капи храна за бебина KE биде поставена кутија за донации и средства KE бидат префрлени HA афаттуркије сите'

На вонредна седница која Советот на општина Охрид донесе одлука за доделување на 600.000 денари финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес, што се случи вчера во Република Туркије и Република Сирија.

Кампања за помош започна и Младинскиот клyб на Турците.

– Започнуваме национална кампања за помош за заздравување на раните на жртвите од земјотресот во Турција. Организациските простори на Младински клуб на турците низ целата земја ќе се користат како собирен центар. Граѓаните кои сакаат да донираат помошта можат да ја достават до собирните центри. Предметите што ќе се соберат ќе бидат основна облека и материјали за чистење како што се ќебиња, греалки, јоргани, чевли, беретки, палта и блузи. Предметите што треба да се соберат мора да бидат чисти и во добра состојба за да се користат. Истите ќе бидат испорачани до службениците на АФАД и доставени на најпотребните места.
Во Охрид, место на организацијa е Синан Челеби Дернек, (до аптеката „Пашоли“).

Лица за контакт во Охрид:

Eda Rifat +38972541527
Bilge Kakel +389 76 200 573
Aylin Recep +389 70 745 373
Hamza Abas +389 70 777 915
Onur Ago +389 79 278 498.

Собир од 12:00 до 20:00 часот. (Крај)

извор: МИА/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука