ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска кон најпогодените подрачја во Туркије и Сирија треба да замине првиот дел од помошта, охриѓани повторно ја докажаа хуманоста

Скопје/Охрид, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите, денеска кон најпогодените подрачја во Туркије и Сирија треба да замине првиот дел од помошта која група волонтери ја собраа ширум државата.

Неофицијално, собрани се над два големи камиони со донации, а донациите постојано се зголемуваат. Мнозинството од волонтерите се студенти од Туркије кои студираат во земјава, а дел од нив ги изгубиле своите семејства или не добиле никаква вест за нив.

Се донираат ќебиња, пелени, јакни, чизми и у други работи. Се внимава што помалку храна да се прими. Донации во финансиски средства не се примаат. За вакви донации, граѓаните се упатуваат тоа да го сторат преку официјалните институции.

Бројот на загинати од земјотресот со јачина од 7,8 степени на 6 февруари се искачи на над 16.000 луѓе, а се очекува нагло да се зголеми, бидејќи спасувачките напори се приближуваат до границата од 72 часа што експертите за катастрофи го сметаат за најверојатен период за спасување животи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги призна „недостатоците“ во одговорот на неговата влада на силниот земјотрес, кој е еден од најсмртоносните во овој век.

May be an image of text

Охриѓани и овој пат ја покажаа докажаната хуманост и преку социјалните мрежи веќе организираат акција за помош на настраданите.

Поради разорниот земјотрес што се случи во Република Туркије и Сирија, Ве повикуваме да им подадеме рака на повредените кои имаат неопходна потреба од помош, стои во апелот.

Потребни средства:

– Греалки,
– Ќебиња,
– Постелнини,
– Перници,
– Средства за хигиена,
– Хигиенски влошки,
– Јакни и чизми,
– Шалови, ракавици и капи и
– Храна за бебиња.

Донациите ќе се собираат во просториите на „Моби-копи“ и „Ив-Мари“ во Охрид до петок 10-ти февруари 2023 година, до 12:00 часот.

Локацијата е улица „Даме Груев“ бр. 9 во Охрид, а сите кои имаат можност да помогнат дополнителни информации можат да добијат на телефонот 046/262-121.

May be an image of text that says '8 #дониразатуркие хуманитарен пункт за собиране на средства за настраданите во земјотресите BO туркије. можете да донирате од денес до сабота од 12: 00 до 22:00 часот потребни средства: .греалки кебина •постелнини .перници средства за хигиена хигиенски влошки акниичизми •шал ракавици капи храна за бебина KE биде поставена кутија за донации и средства KE бидат префрлени HA афаттуркије сите'

На вонредна седница која Советот на општина Охрид донесе одлука за доделување на 600.000 денари финансиска помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес, што се случи вчера во Република Туркије и Република Сирија.

Кампања за помош започна и Младинскиот клyб на Турците.

– Започнуваме национална кампања за помош за заздравување на раните на жртвите од земјотресот во Турција. Организациските простори на Младински клуб на турците низ целата земја ќе се користат како собирен центар. Граѓаните кои сакаат да донираат помошта можат да ја достават до собирните центри. Предметите што ќе се соберат ќе бидат основна облека и материјали за чистење како што се ќебиња, греалки, јоргани, чевли, беретки, палта и блузи. Предметите што треба да се соберат мора да бидат чисти и во добра состојба за да се користат. Истите ќе бидат испорачани до службениците на АФАД и доставени на најпотребните места.
Во Охрид, место на организацијa е Синан Челеби Дернек, (до аптеката „Пашоли“).

Лица за контакт во Охрид:

Eda Rifat +38972541527
Bilge Kakel +389 76 200 573
Aylin Recep +389 70 745 373
Hamza Abas +389 70 777 915
Onur Ago +389 79 278 498.

Собир од 12:00 до 20:00 часот. (Крај)

извор: МИА/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука