Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Букурешт, 10. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5-ти јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Македонија“.

Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност. (Крај)

извор: Press24 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука