Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај лица од Кичево и Вранештица во авто-кампот „Градиште“

Охрид, 24. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.С. од кичевското село Вранештица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Пријава заработи и 24-годишниот Б.Т. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При преглед извршен во патничко возило марка „Опел корса“ со кичевски регистарски ознаки во кругот на авто-кампот „Градиште“ во Охрид, во кое биле пријавените, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука