ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ТППЕ Охрид: Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат (Фото)

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат, порачуваат од охридската територијална противпожарна бригада, од каде вчера со четири возила и десет пожарникари интервенираа на два пожари на отворен простор.

– Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати, Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца, информираат од ТППЕ Охрид.

May be an image of outdoors

Делови од Горно и Долно Лакочереј вчера останаа без напојување со електрична енергија, откако во блатото кај населбата „Црногорци“ избувна пожар.

May be an image of 1 person, fire and outdoors

May be an image of 2 people, fire and outdoors

Од Центарот за управување со кризи информираат дека горат сува трева, шавар и капини.

– Од РЦУК Охрид информираат дека од 17:30 часот во место викано Трно-Дебело поле, помеѓу населбата „Радојца Новичиќ“, селото Орман и селото Долно Лакочереј, гори сува трска, шавар и капини, информираа синоќа од ЦУК.

May be an image of fire and outdoors

Жителите на социјалните мрежи реагираат бурно и напоменуваат дека ова се повторува секоја година.

– Четири часа ТППЕ Охрид – Пожарна се бореа со огнов, да спасат куќи и имоти ради некој неодговорен поединец. Ова истово се случуват 20 години. Време е МВР да се ангажира како што треба, порачуваат на социјалните мрежи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука