Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Дојавa за бомба во Основниот суд во Охрид (Фото/Видео)

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вработените и комплетниот персонал во Основиот суд во Охрид, утрово, нешто после 08:00 часот, беа евакуирани од просториите.

Супер радио и OhridPress неофицијално дознаваат дека станува збор за дојава за поставена бомба.

Екипи на охридската полиција, Брза помош и Охридската пожарна се на терен, а вработените се одалечени од објектот.

Денешната дојава за поставена бомба во Охрид доаѓа по онаа од декември минатата година, кога беше пријавена закана за поставена бомба во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Повеќе детали во текот на денешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука