Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Пендиков може кривично да одговара за навредите кон Македонија и Македонците

Скопје, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков може кривично да одговара за навредите кои ги изрече на сметка на Република Македонија и Македонците, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Пендиков ќе треба да ги докаже пред обвинителството во Македонија своите наводи за малтретирање на Бугарите, а вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствува Бугарин.

– Таквото тврдење мора да се докаже. Не е точно, според мене, дека го напаѓаат затоа што е Бугарин. Ние, секако, одговоривме дека не оправдуваме насилство врз никого, изјави Маричиќ во интервју за Макфакс.

Според него, За обвинувања и навреди кон Македонија може да се бара и кривична одговорност.

– Не е должен да си го врати државјанството. Ќе го повикам обвинителството, како што го повикавме сега во последните случаи каде што се зборува за омраза, за оштетување на нашиот народ и достоинство, да си ја заврши работата. Пендиков не треба да биде исклучок, вели Марииќ.

Обвинителството во Охрид веќе побарало да се изврши распит а од Бугарија се побарани информации за моменталната адреса на Пендиков.

Основниот суд во Охрид за утре, вторник, 28-ми февруари 2023 година го закажа и судењето за напаѓачот. Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди кај судијата Бојан Мартиноски. Иако обвинетиот се бранел со молчење, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Инцидентот со претепувањето на Пендиков се случи во Охрид на 19-ти јануари 2023 година, по што тој беше пренесен со бугарски авион на лекување во Софија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука