Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре започнува судењето за напаѓачот на Пендиков

Охрид, 27. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Откако Охридското обвинителство експресно го изготви обвинението за нападот врз Христијан Пендиков, Основниот суд во Охрид за утре, вторник, 28-ми февруари 2023 година го закажа и судењето за напаѓачот.

Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди кај судијата Бојан Мартиноски.

Иако обвинетиот се бранел со молчење, тој се товари за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Бугарските власти сѐ уште не одговориле на барањето од охридското Основно јавно обвинителство да ја добие адресата на која престојува охриѓанецот Христијан Пендиков за да може да го повикаат на распит за случајот со неговото претепување.

– Основното јавно обвинителство Охрид, преку инструментот за меѓународна правна помош, упати барање до бугарските власти за да ја обезбеди адресата на која престојува оштетениот. Одговорот на барањето сѐ уште се очекува. Обвинителството има потреба од оштетениот во рамките на постапката која се води против второто осомничено лице, велат од Јавното обвинителство за „Слободен печат“.

Од Овинителството додаваат дека постапката може да се води и без неговиот исказ, односно врз основа на другит еобебзбедени докази, но, како што велат оттаму, сметаат дека оштетениот има правен интерес да се вклучи во постапката со цел побрзо и поефикасно прибирање на доказите.

Според процедурите, Пендиков би требало да изврши препознавање на напаѓачите, и за да му достави покана на Пендиков, охридското обвинителство преку бугарските власти се обиде да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.

– За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок, појаснуваат од обвинителството по испраќањето на барањето до бугарските власти.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, Христијан Пендиков може кривично да одговара за навредите кои ги изрече на сметка на Република Македонија и Македонците, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Пендиков ќе треба да ги докаже пред обвинителството во Македонија своите наводи за малтретирање на Бугарите, а вицепремиерот Маричиќ смета дека Пендиков не бил нападнат затоа што се чувствува Бугарин.

Во меѓувреме, Пендиков, кој веднаш по инцидентот што се случи на 19-ти јануари, со авион беше транспортиран на лекување во Бугарија ги ужива привилегиите од бугарската држава, па покрај државјанство, стан и обезбедување, ќе добие и стипендија да студира во Софија. Ова го соопшти потпрестедателката на Бугарија Илијана Јотова која во амбасадата на Бугарија во Скопје се сретна со претставници на бугарските здруженија во Македонија, на кои им се заблагодари на „храброста да ја бранат својата бугарска самосвест“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука