ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Макфакс: Покрај станот и обезбедувањето, Бугарија на Пендиков ќе му овозможи и студирање во Софија

Софија/Охрид, 19. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бугарија ќе му озвозможи на претепаниот охриѓанец, Христијан Пендиков да студира во Софија, соопшти бугарската потпретседателка Илијана Јотова која се сретна со претставници на бугарската заедница во Скопје, пренесе Макфакс.

– Сакаме оваа есен да почне да студира во Бугарија, да го заврши високото образование, а бугарската држава ќе направи се’ што е потребно за него и за сите, рече таа, пренесоа бугарските медиуми.

Претходно беше објавено дека Христијан Пендиков од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија, како и бугарско државјанство за кое аплицирал во декември, минатата година. Тамошното министерството за надворешни работи објави дека ќе му обезбеди и стан додека престојува во Бугарија, но и лично обезбедување.

Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, со бугарскиот владин авион неодамна беше пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија. Пред зградата на Европската комисија во Софија се одржа протест за поддршка на Пендиков. Во меѓувреме, на охриѓанецот кој го претепа Христијан Пендиков му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Овој настан се заканува сериозно да ги наруши односите помеѓу двете држави. Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов по средбата со Габриела Димкова, мајката на Христијан Пендиков ги повика македонските власти – премиерот, министрите за внатрешни и надворешни работи да направат се’ за да ги уапсат и казнат одговорните за тепањето.

Во интервју по нападот во Охрид, Пендиков од Софија обвини дека бил дискриминиран во Македонија поради бугарската самосвест. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука