ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охрид некогаш ТОП ВЕСТИ

Охрид некогаш: Велигденска честитка од Охрид од 1916 година

Охрид, 14. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Охрид слики од минатото е објавена ретка фотографија, односно Велигденска честитка, како поздрав од Охрид од далечната 1916 година.

– Спомен од град Охрид, општ изглед. Картичката е специјално препечатена во 1916 година за Велигден со порака „Честито Воскресение Христово“. Првата светска војна, стои во објавата во групата на членот Христијан Танески.

Прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Охрид слики од минатото

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука