Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Министерство за транспорт и врски: Од денеска започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

Скопје, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д.

– Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги. Изградбата на Коридорите 8 и 10-д е од стратешки интерес за државата. Со реализација на овој најголем инфраструктурен проект се заокружува коридорското автопатското поврзување на Република Македонија со Европа и со регионот. Тоа значи полесно движење на стоки, услуги и капитал, но и најважно безбедно одвивање на сообраќајот, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука