ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Христијана Парулеска најдобра во Европа во традиционално Таеквондо

Охрид, 22. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Христијана Парулеска од Таеквон-до клубот Hwa rang ITF од Охрид го освои златото на Европското првенство во таеквондо во Италија.

Таа, на патот до финалето ги совлада репрезентативките од Бугарија и Хрватска, а во финалето ја совлада противничката од Украина. Ова е прво злато за македонската репрезентација во традиционално Таеквон-до MTTF при ITF на големото европското првенство, кое се одржува во Језоло, Италија.

– Златото е заслужено и според мене не е изненадување. Чест и гордост е да ја слушаат и поздрават сите нашата химна. Знаејќи ги можностите на нашите репрезентативци, очекувам и во преостанатите денови од ова Европско Првенство да прикажеме одлични борби и да се закитиме со уште награди. Сакам да го искажам моето задоволство, како претседател на Македонската федерација во традиционално Таеквондо MTTF при ITF што овие освоени медалји ќе бидат мотив за многу деца и младинци да се запознаат со овој боречки спорт, вели селекторот на Македонската репрезентација Марјанчо Лазарески.

Христијана Парулеска, на стартот на ова Европско Првенство го освои и сребрениот медал во форми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука