Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патниот правец Кичево-Охрид

Охрид, 18. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи денеска на патниот правец Кичево-Охрид, кај селото Песочани.

Според информациите и фотографијата доставени до Ohridpress, во незгодата учествувало возило марка „Мерцедес“, а е причинета и поголема материјална штета.

Од СВР Охрид повеќе информации најавија за во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука