Охрид, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Патувања низ Македонија, објавена е прекрасна фотографија од преубавиот Охрид, од едно друго време, многу години наназад.
– Охрид во периодот на поранешна Југославија, стои во објавата на фотографијата, без да се потенцира годината кога е настаната.
Таа носи многу детали, кои во споредба со денешен Охрид, покажуваат како се развивал градот низ годините.
Во секој случај, прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Патувања низ Македонија
Прочитано: 48