Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешно трето издание на ракометниот турнир „5-ка за ракомет“

Охрид, 3. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на ракометната школа „Вардар-Охрид“, успешно заврши ракометниот турнир „5-ка за ракомет“.

Се одржа во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид каде учествуваа 200 деца од екипите: ГРК „Охрид“, РК „Струга-Динг“, „РК „Пантери“ од Кичево, РК „Јехона“ од Гостивар и РК „Кале Вардар М&К“.

Конечен пласман:

Прво место – РК „Струга Динг“,
Второ место – РК „Вардар“ и „Охрид“,
Трето место – РК „Јехона“ – Гостивар,
Четврток место РК „Пантери“ и „Кале Вардар“.

Индивидуални награди:

Најдобар игра – Давид Најдески,
Најдобар голман – Нектариј Николоски,
Најдобар стрелец – Ербљин Селмани.

– Преку овој спортски настан се обидуваме кај најмладите да им го презентираме големиот ракомет, како и натпреварувачкиот дух и натпреварувачки карактер. Им се заблагодаруваме на спонзорите и на Општина Охрид за безрезервната поддршка за организација на овој спортски настан, кој се одржува веќе 3-та година, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука