Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14-ти јуни

Скопје/Охрид, 8. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Наставата од учебната 2022/2023 година утре, 9-ти јуни, завршува за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14-ти јуни.

Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата, така што второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Датумите се наведени и во изменетите календари на МОН за организација на работата за оваа учебна година кои им се доставени на училиштата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука