Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит од државната матура

Охрид, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Матурантите утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура, што е изборен.

Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, естетика или филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15 620 матуранти го полагаа на 27-ми мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука