Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лео Нелоски првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“, пофалени и Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески

Охрид, 10. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од OОУ „Григор Прличев“ од Охрид ги прогласија младите Прличевци кои со сите свои дела и успеси ја одбележаа оваа генерација.

– Најблескавите меѓу ѕвездите, оние кои неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се работи за претставување на гласот на учениците. Прличевци кои со сите свои дела и успеси ја одбележаа оваа генерација се Лео Нелоски, кој е првенец на генерација, а пофалени ученици, кои го одбележаа своето образование со континуиран одличен успех и афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности се Теона Талевска, Ивана Секулоска и Ема Чепуњоска. Пофален Прличевец кој го одбележа своето образование со континуиран одличен успех и активно организирање и учество во проекти во и вон училиштето е и Иво Георгиески. Ви го честитаме успехот, деца наши. Продолжете да чекорите по патот со ѕвездите, и само небото нека ви биде граница, порачуваат од ООУ „Григор Прличев“.

Од училиштето им честитаат и на нивните одделенски и предметни наставници кои препознавајќи го трудот и амбицијата на овие млади луѓе континуирано ги поддржува изминатите 9 години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука