ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

На заеднички состанок ќе се бара солуција за проблемот со новото сообраќајно решение на влезот од Охрид

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, во малата сала на Општина Охрид, денеска од 11:00 часот, ќе се одржи состанок поврзан со новото сообраќајно решение на влезот од Охрид за пренасочување на сообраќајот по стариот пат за Струга.

Според најавите од локалната самоуправа, на состанокот се поканети да земат учество сите пратеници во македонското Собрание од Охрид, СВР Охрид, Хотам, туристички работници, угостителскиот еснаф и претставници на службите од Локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука