ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Туристичко-угостителскиот сектор и охридската локална самоуправа од Владата и Министерството за транспорт и врски бараат одложување на градежните зафати на потегот Охрид-Подмоље

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на ХОТАМ, туристички работници, угостителскиот еснаф и охридската локална самоуправа ставија потпис на официјално барање до Владата и Министерството за транспорт и врски со цел да се замолат градежните зафати на потегот од Охрид до Подмоље да ги одложат за септември.

Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука, со пренасочувањето произлегува и дополнителен проблем кој е од хуман и здраствен аспект.

– Со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Преоторувањето на стариот локален пат Охрид-Струга, создава поблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила. Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, понатаму создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, каде за успешно лекување на пациентите е потребна брза реакција, е наведено меѓу другото во барањето.

Хотелиерите и туристичките работници велат дека биле затекнати со затворањето на оваа делница и се надеваат дека ќе имаат слух од надлежните и ќе се најде брзо решение. Додаваат дека за нив е проблем како да им објаснат на гостите дека побрзо стигнале до Охрид или Скопје отколку од аеродром до сместувачкиот капацитет.

– Затворање на таа делница пречи, баш на влезот на Охрид. Со оглед на тоа што стариот пат е помал и не може сам да го опслужи целиот сообраќај што ќе се одвва, тука доаѓаат и камиони од Албанија, тоа е тесно грло се создава проблеми во туризмот.Долго време се молиме да е готов делот од аеродом до Охрид и Струга. Мора да ја ослободиме оваа делница и да имаме непречен сообраќај како за туристите така и за сите кои го користат, вели првиот човек на ХОТАМ, Крсте Блажески.

– Се соочуваме веќе со проблеми, а оваа нова ситуација дополнитечлно ни дава поголеми потешкотии како оперативни така и во поглед на задоволување на гостите. Одговараме и за безбедноста на гостите, се надевам дека ќе се најде решение, истакна туристичкиот работник Олег Маленко.

На состанокот беа присутни и претставници на СВР Охрид, но од нивна страна не беше ставен параф на барањето. Началникот на СВР Охрид, Жарко Лазороски рече дека како министерство, постапиле врз основа на барање на министерството за транспорт и врски во законски определен рок да издадат согалсност за изведба на градежни активности. Додаде дека СВР Охрид презема дополнителни активности за подигнување на нивото на безбедност на овој потег. Убедува дека нема простор за грижи, стариот пат е реконструиран пред 2-3 години има соодветна сигнализација и ги исполнува сите услови за одвивање на сообраќај.

Нема достапен опис.

– На работен состанок со изведувачите добивме бројка дека за 30 дена ќе биде завршен овој дел од патот, а ќе направат напори ќе работат во две смени, може да се заврши и во побрз рок. Да не се грижите воопшто дали стариот дел на патот е безбеден за сообраќај. Стариот дел на патот е реконструиран пред 2-3 години има соодветна сигнализација поставено и ги исполнува сите услови за одвивање на сообраќај. Обележан, нема ударни дупки, патната сигнализација што е поставена е согласно законските прописи и нема никаков проблем, истакна Лазороски.

Не постои логичен одговор зошто сега беше потребно ова, изјави градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, на чија иницијатива беше свикан денешниот состанок.

Нема достапен опис.

– Предвиделе за 45 дена со почеток со работа на 15-ти јуни, работејќи во две или повеќе смени ќе го намалеле на 30 или помалку од 30 дена. Верувам дека секој од Охрид и Струга кои години мака мачиме со изградбата на автопатот знаеме како е и сигурен сум дека нема да е така и директно ќе влијае на градот и туризмот генерално. Според општинските служби дел од патот познат како „распаќе“, на потегот од Здружение на возачи до пресек „Туристичка“ не бил направен со сите потребни подлоги со тампони, туку директно бил асфалтиран на земја и движењето камиони и товарни возила што ќе поминуваат секојдневно ќе направат оштетување според стручните служби за 10 до 15 дена, што ќе биде дополнителен проблем за влез во Охрид, потенцира Пецаков. Тој изрази надеж дека со оглд на тоа што барањето е испратено од повеќе центри, ќе наиде на поголемо разбирање кај надлежните.

Како главен заклучок од средбата беше тоа дека со оглед на тоа што не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука