Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Со целовечерен концерт на „Танец“ вечерва почнува 62-от Балкански фестивал на народни песни и игри

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, вечерва на сцената Долни сарај ќе биде отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што ќе трае до 9-ти јули.

Предвидени се обраќања на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски. Концертот е со почеток во 20:30 часот. Во случај на неповолни времески услови, алтернативна сцена е големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во рамки на фестивалот, синоќа во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, беше отворена изложбата „Од Љубанишча до Дебор” од колекцијата на Љупчо Милошески.

На годинашното издание покрај ансамбли од Македонија, ќе насатапат и фолклорни групи од Словенија, Полска и од Чикаго, САД.

И овојпат на најстарата фолклорна манифестација на Балканот ќе се афирмираат културните достоинства на народите. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на УНЕСКО на најзначајни фолкорни манифестации во светот.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука