Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Уставен Суд: Привремено нема да има графа за етничка припадност во изводите

Скопје, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое, вметна графа за етничка припадност во изводите, привремено нема да важи.

Ова е одлуката донесена од уставните судии, донесена со пет гласа „за“ и два „против“.

Расправата траеше повеќе од час и половина, а ја следеше Лога од публика. Одлучија постапката за упатството да продолжи, а до конечна одлука, да има времена мерка за упатството да не се применува.

Лога по ваквата одлука кажа дека сега се отвора пандорина кутија, бидејќи според него, во многу наврати не било испочитувано вметнување на графа за етничка припадност. (Крај)

извор: Телевизија 24 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука