Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Вратена e во сообраќај делницата од Подмоље до Охрид за сите возила

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изврши увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид.

Од денеска согласно времениот режим, делницата е биде вратена за сообраќај а со тоа граѓаните и туристие повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.

Делницата Подмоље-Охрид како дел од автопатската делница Кичево-Охрид, согласно времениот режим беше затворена за сообраќај поради градежни активности на изградба на клучка Охрид, на изградба на бетонски мостови, земјени и асфалтерски работи на овој дел од трасата и истата требаше да се биде пуштена до 10 јули, а сообраќајот беше пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Подмоље.

Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспотрт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции како и Изведувачот и надзорниот орган, допринесе градежните активности на овој дел од патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.

– Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса. Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање на подобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна министерот Бочварски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука