Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Повик за учество на ревијална веслачка регата со кајчиња

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС0 – Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид објавува Јавен повис за учество на ревијалната веслачка регата со традиционални метални кајчиња, која ќе се одржи во Охрид, на 27-ми август 2023 година со почеток во 17:00 часот.

Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18-ти до 27-ми август 2023 година, а ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.

Пропозиции:

Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:

– едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри и
– двосед, со должина на кајче 5-6 метри

Награден фонд:

за I место: 5.000 денари и резба традиционален охридски чун,
за II место: 3.000 денари и
за III место: 2.000 денари.

Пријавување на email: gorica.remo@gmail.com, телефон за контакт 078/472-482. Краен рок за пријавување 19-ти август 2023 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука