ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Во тек е увидот на Комисијата за проценка на штетите од невремето од минатиот месец во Охрид

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму трае увидот на општинската Комисјата за проценка на штети, после силното невреме што кон крајот на минатиот месец го зафати Охрид.

Во архивата на Општина Охрид се процесирани, односно со комплетна документација се над 500 барања, а бројката се очекува да биде поголема. Комисијата е на терен и постапува по процесираните барања.

После спроведениот увид и проценка, комисијата изработува извештај што треба да го достави на разгледување до Советот на Општина Охрид.

Силното невреме што на 24-ти јуни го зафати Охрид предизвика големи штети кај земјоделските насади, поплавени подрумски простории, гаражи, а речиси секој втор автомобил имаше помала или поголема материјална штета. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука