Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Два случаи на бесправно градење, физички напад врз полициски службеници…

Охрид, 27. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Настаните поместени во последниот Билтен на МВР носат информации за два случаи на бесправно градење, како и за физички напад врз полициски службеници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. На 22-ри јуни 2023 година, градежен инспектор од Одделение за инспекциски надзор при општина Охрид извршил вонреден инспекциски надзор, при што било констатирано дека пријавениот извршил доградба на деловен простор и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен охриѓанец поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, на 4-ти јули 2023 година во Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од  охридското село Трпејца. При вонреден инспекциски надзор, извршен на 5-ти јуни 2023 година, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна ќуќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука