Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност попладне и слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи. Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дож и грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука