Избор Охрид

До утре доставување приговори за резултатите од Државната матура

Охрид, 15. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридските матуранти имаат рок уште денес и утре за поднесување на евентуални приговори по објавувањето на резултатите од полагањето на Државната матура.

Приемот на приговорите до училиштата е до до 14 часот. Учениците со приговорот треба да достават Формулар за приговор, Упатство за поднесување приговор и Примерок од пополнета уплатница.

Оваа година матурантите постигнаа повисоки резултати на државната матура, за разлика од минатата година.

Додека пријавување за полагање државна матура за августовскиот испитен рок е најдоцна до 23-ти јули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука