Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од полицискиот Билтен: Физичка пресметка, пронајдени марихуана и нож…

Охрид, 8. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Физичка пресметка, пронајдени марихуана и нож… се само дел од информациите поместени во последниот Полициски Билтен.

На 7-ми август 2023 година, во 21:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улица „Дејан Војвода“ во Охрид, нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 7-ми август 2023 година, околу 22:00 часот на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годипен охриѓанец кај кого била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 7-ми август 2023 година, во 17:25 часот, во населбата „Лагадин“ во Охрид, при преглед врз 18-годишно лице од Куманово, полициски службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа нож. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука