Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Продолжува периодот на многу топло време со температури и над 35 степени, на сила жолто и портокалово ниво на опасност

Охрид, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува периодот на многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија.

– Насекаде ќе биде активирано жолто, а во делови и портокалово ниво на опасност од висока температура.
Од утре во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи повремено поинтензивна и проследена со ветер, а постабилно ќе биде во петок и недела, потенцираат од УХМР.

Од Центарот за јавно здравје Охрид излегоа со препораки до граѓаните во насока на заштита од високите температури.

– Во овие топли летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центарот е на располагање со мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати. Доволно е да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од нашите телефони 046/231-030 или 078/488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар, апелираат од ЦЈЗ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука