Струга

Предавања за јога во Струга

Струга, 18. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 25 јули, сабота, во Хотел Изгрев Spa & Aquapark во Струга ќе се одржат предавања за јога и медитација.

Предавањата се во организација на Lux Integra – Македонија.

Сесијата на предавања ќе се состои од еднодневна програма на предавања, медитација и вежби.

– Ги покануваме сите оние кои се заинтересирани да го унапредат сопствениот и животот на другите со тоа што ќе дојдат, ќе научат многу нови нешта и каде ќе споделиме искуства и знаење, повикуваат организаторите.

Секоја од сесиите се со посебен ценовник, а заинтересираните можат да ги комбинираат вежбите со предавањата, според нивните можности.

Предавањата ќе ги водат: Елена Антоновска Едизер, професионален тренер, лиценциран учител по Реики и Pranic Healing за Македонија и Јога инструктор – Весна Видовиќ – 8 годишен инструктор по јога, пилатес, фитнес и аеробик, практичар на алтернативна медицина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука