Спорт

Манчестер Јунајтед со победа ја започна американската турнеја

Сан Хосе, 18. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Манчестер јунајтед минимално со 1-0 славеа над мексиканскиот Клуб Америка на почетокот од турнејата низ САД.

Црвените ѓаволи до победата стигнаа благодарение на новото засилување Морган Шнајдерлин кој со деби гол го започна настапот во најтрофејниот англиски клуб.

Освен Шнајдерлин синоќа свое деби имаа и новите засилувања Мемфис Депај,Матео Дармија и Бастијан Швајнштајгер.Јунајтед својот следен контролен натпревар ќе го игра на 22-ти јули против екипата на Сан Хозе. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

https://youtu.be/XjISNNGgUIM

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука