Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид полн со гости на последниот викенд во август, колони возила кон најпопуларните плажи на кои уживаат бројни гости (Фото)

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го живее последниот викенд од август, со исклучително топло време, но и солидно исполнети плажи и колони возила како во шпицот на сезоната.

Атмосферата е буквално како на средина на летото, иако сме на само неколку дена од 1. септември, новиот месец и самиот почеток на новата школска година.

Погледнете како изгледаше денеска плажата „Метропол“, една од најпопуларните и ова лето во туристички Охрид.

Бројот на гостите е намален, но се’ уште ги има во голем број, особено за овој дел од летото. Се очекува попладнево и во вечерните часови, голем дел од гостите да го напуштат Охрид кој ја живее една од најдобрите летни сезони последните години. Дел секако ќе ги искористат и спојат и утрешниот неработен ден, во чест на православниот празник посветен на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За ова придонесоа и високите температури, а метеоролозите и за следните денови најавуваат сончево и топло време со температури над 30. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука