Избор Општина Вевчани Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за лице од Вевчани за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

Струга/Вевчани, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со 36-годишниот Р.С. од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Facebook упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.

– Во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука