Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охрид вечерва: Дали е 2. или 27-ми август? (Фото)

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дали е 2. или 27-ми август? – прашуваат охриѓани на последниот викенд од август, откако вечерва во центарот на градот гужвата беше како во шпицот на сезоната, односно за време на Илинденските празници.

Огромен број автомобили, полн е кејот со шетаци, исполнети со гости се угостителските објекти…

Ваква е вечерва атмосферата во градот кој живее и пулсира буквално како да е на средина на летото.

– Да се надеваме само дека во оваа гужва некому нема да му биде потребна Брза помош или евентуално ако е потребна интервенција на Пожарната, коментираат охриѓани за OhridPress,

Денеска беа солидно исполнети и популарните плажи, а туристите и охриѓани ги поминаа и традиционалните гужви на одење и враќање од истите.

Бројот на гостите е намален, но се’ уште ги има во голем број, особено за овој дел од летото. Се очекува голем дел од гостите вечерва да го напуштат Охрид кој ја живее една од најдобрите летни сезони последните години. Дел секако ќе ги искористат и спојат и утрешниот неработен ден, во чест на православниот празник посветен на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За ваквата слика придонесоа и високите температури, а метеоролозите и за следните денови најавуваат сончево и топло време со температури над 30. степени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука