Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Започнува јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На летната сцена Долни Сарај, вечерва и утре ќе се одржи јубилејното, 30 издание на музичкиот фестивал „Охрид Фест“.

Фестивалот, изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, во педесетина земји во Европа и низ светот, а во фестивалските анали е запишано дека пејачи од 37 земји во Европа и светот на „Охрид Фест – Охридски трубадури“ имаат изведено околу две илјади музички нумери.

Во првата, фолк вечер ќе слушнеме 19 новосоздадени песни, што ќе ги изведат Милован Секуловски, Игор Петковски, Павле Витанов, Јуле Николовска, Мирко Вретоски, Ансанбл Билјана, Ристе Наумовски, Татјана Стефановска, Даце Николовски, Марко Трпчевски, Петар Нечовски, Катерина Танева и група „Сарај“, Перо Христов, Благица Павловска, Душко Георгиевски, Зуица Лазова, Нино Величковски, и дуетите Татјана Лазаревска-Новица Василевски и Наум Петревски-Лилија Семкова. Во ревијалниот дел ќе настапи Сузана Спасовска.

„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали и надвор од границите и еден од значајните симболи на Охрид кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија.

На втората, интернационална вечер, ќе слушнеме 15 нови поп- песни, а гостите дојдени специјално за оваа прилика се Божидар Волф, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ, Џими Сион, Срѓан Марјановиќ и Бане Видојевиќ, Гоца Тржан и Принц, Васил Гарванлиев, Неда Украден која ќе добие награда за безвременски хит за „Зора је“ и Дадо Топиќ овогодинешниот добитник на наградата за ширење музика на Балканот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука