ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во вториот квартал е – 47

Охрид, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – И во вториот квартал од оваа година во Охрид продолжува негативниот природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците април, мај и јуни се родиле 95 бебиња, а починале 142 лица, односно се бележи прираст од – 47. За споредба, првиот квартал годинава имаше негативен прираст од -63.

И Дебрца бележи негативен прираст, се родиле само 4 бебиња, а починале 14 лица.

Соседна Струга, пак, за разлика од првиот, во вториот бележи позитивен прираст 46. Регистрирани се 131 новороденчиња, а починале 85 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 118 двојки, а имало 23 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 84 бракови, а имало 72 разводи. Во Дебрца имало еден склучен брак и еден развод. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука